Соларниот картел почнува со доаѓањето на СДС на власт, од тогаш до денес бизнисот е тежок 26 милиони евра. Дезертерот Ковачевски ја основа „Пиксел Груп“ 5 месеци по доаѓањето на СДС на власт, велат од ВМРО-ДПМНЕ.

„Пиксел Груп“ е централната фирма во аферата „Броило“, и таа сега е содружник со бугарска фирма, со која заедно градат фабрика во Тетово од 54 милиони евра. „Пиксел Груп“, основана од Ковачевски добивала и државна помош, и тоа во време кога тој е и заменик министер, но и мандатар за состав на влада. Другата фирма од соларниот картел, КМГ ЕОЛ Квазар, основана од кумот на Ковачевски, Горанчо Паунов, откако е СДС на власт добива скоро 2 милиони евра тендери од државни институции, и склучува договор со ЕВН во висина од над 2 милиони евра. Денеска ќе откриеме нови детали од аферата „Броило“, и за тоа кој точно е кумот на Ковачевски и неговите врски со СДС – велат од ВМРО-ДПМНЕ.



Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.