Вработените во образованието имаат уставно загарантирано право на штрајк, се вели во партиското соопштение на оВМРО-ДПМНЕ.

Вработените во образованието имаат законски основ да бараат повисоки плати согласно колективниот договор. Просветарите имаат легитимно барање за поголеми плати затоа што стандардот вртоглаво им опаѓа, затоа што инфлацијата во месец март е 8,8%, а за една година лебот поскапе 100%, маслото за јадење 100%, горивата над 70%, струјата 30% и сите животни трошоци од 30 до 50%. Просветните работници имаат морално право да бараат повисоки плати затоа што власта на СДСМ и ДУИ потроши милиони евра за криминални физибилити студии, тендери во 4 очи, коруптивни бизниси, но и службени возила, позлатени прибори, режани цвеќиња, фстаци, жардињери, хотелски услуги и какви ли не други непродуктивни трошоци. Власта знае дека штрајкот на СОНК беше најавуван два месеци пред да се случи. Владата доколку вистински сакаше да најде решение за барањата на просветниот кадар тоа можеше да го направи уште пред почетокот на штрајкот, истакнуваат од ВМРО ДПМНЕ.

Притисоците, заканите и заплашувањата од страна на власта упатени кон просветарите се за секаква осуда. Овие луѓе ги едуцираат и се грижат за нашите деца и заслужуваат достоинствен однос од институциите, додаваат од таму.



Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.