Се вработува сопругот, да ја вработи супругата – Обвинителството со ДУИЗИРА и фамијализира, Ислам Абази шеф на ЈО, сопругата ја вработува обвинител, ова го има само во Македонија под власт на ДУИ поддржани од СДС, обвинуваат од ВМРО-ДПМНЕ.
-Ислам Абази кој на сомнителен начин стана шеф на ЈО, сега на ист начин ќе се вработи неговата сопругата како обвинител, додека тој е шеф. Во ниту една друга демократска држава во Европа или на друго место во светот сопругот кој е избран на позицијата шеф на ЈО, не ја вработува сопствената сопруга во институцијата со која тој раководи, велат од партијата.
ВМРО-ДПМНЕ посочува дека се отвора прашањето, дали Абази стана шеф на ЈО, за да може и неговата сопруга да стане обвинител, но и други кадри блиски до ДУИ и СДС?
-Како може граѓаните да чекаат правда кога судството и обвинителството се испреплетени од фамилијарно партиски вработени кои и се лојални на партијата, а не на државата? Заради фамилијаризацијата на судството и обвинителството граѓаните немаат доверба во правосудниот систем. Потребни е коренити промени, а тие се можни само со промена на власта, истакнуваат од партијата.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Comments are closed for this post.