Тимовите предводени од ВМРО-ДПМНЕ во рамките на акцијата „Ова е Македонија за сите“ посетија бројни населени места, меѓу кои беа тимовите на Љупчо Пренџов, Зоран Љутков и Тони Коњановски. На граѓаните им порачаа дека не се сите исти, ВМРО-ДПМНЕ нема да дозволи криминал со народни пари, трговија со националните интереси и разнебитување на државата во сите сфери.
Тимот на Љутков и Пренџов ги посетија населените места Бучинци, Мршевци, Бујковци, Миладиновци и Текија во рамките на општина Илинден.
„Она што е тема која што генерално вака ја зборуваме тоа е пљачката што и се прави на Република Македонија моментално и дека нема никаква одговорност во однос на она што се случува. И да знаете последниот скандал кој што се случи, а тоа е потпишувањето на слепо договорот со „Бехтел и Енка“ за изградба на автопати. Дали свесно или несвесно имаат потпишано многу клаузули кои што се на штета на Република Македонија. И ние сега ќе треба да плаќаме стотици милиони евра пенали“, истакна Љутков.
Тој посочи дека власта колку стотици милиони фрли досега за пенали. Тој дури и потсети на пеналите кои што владата ги даде и за неизградбата на Клиничкиот центар. И може да се достигне и до 300-400 милиони евра фрлени само на пенали.
Исто така заедно со Зоран Љутков, се обрати и пратеникот Љупчо Пренџов кој што додаде каде и да се свртат граѓаните ќе ги видат само потфрлањата на власта.
„Образование е катастрофа, здравство кататстрофа, економија катастрофа. Нѐ лажат, нѐ манипулираат дека 15% имаме инфлација, а ако отидете да видите колку пари е лебот, горивото, зејтинот, ќе се воочи дека е 50% инфлацијата“, укажа Пренџов.
Пратеникот укажа дека власта немајќи со што да се пофали, таа само говори уставните измени. Но власта треба да знае дека уставни измени нема да има.
Додека пак градоначалникот на општина Битола, Тони Коњановски ги посети населените места Кравари, Граешница, Оптичари и Егри каде што поразговара со жителите за проблемите со кои што се соочуваат.
„Ни се приклучуваат повеќе граѓани за да посетиме повеќе населени места и да видиме и да слушнеме од вас што е она што ве мачи. Оваа распродажба и разнебитување на државата наша по сите основи. Еве денес сведоци сме на нови закони кои што сакаат со европско знаменце да ги подметнат“, рече градоначалникот на општина Битола, Тони Коњановски.
Тој укажа дека подметнување на закони со европско знаменце за „Бехтел и Енка“ нема да им поминат на власт бидејќи граѓаните реагираат, но и ЕУ.
„Тука сме да ги слушнеме граѓаните, да им кажеме дека ВМРО-ДПМНЕ е со вас и дека продолжуваме понатаму многу посилно“, порача Коњановски
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Comments are closed for this post.