На уште непочната изградба на автопати, државата ќе плаќа пенали (или дополнителни трошоци) од 53 милиони ера, само затоа што криминалната влада на Груби и Ковачевски се обврзала на тоа. Владата потроши милиони народни пари за некакви експерти кои го изготвиле договорот за изградба на коридорите на штета на Македонија, односно прифатиле измени на законски одредби кои ако не се случат за 45 дена ќе се исплаќаат енормен еднократен трошок од 53 милиони евра и дополнително секој месец до промена на законските одредби по 2,1 милион евра, порачуваат од ВМРО-ДПМНЕ.
Доколку ова не беше така, власта ќе демантираше или ќе го објавеше договорот на увид на јавноста и експертите. Но оваа апашка власт го крие договорот затоа што е направен на штета на Македонија. Мафијата на власт треба да каже што содржи договорот на страница 427 каде што е уредена обврската која Груби и Ковачевски ја презеле во име на Собранието да се промени закон и да се дозволи 60 часовна работна недела, нешто кое веќе е одбиено од Уставниот суд. Мафијата на власт да каже дали ако не се прифати овој услов се обврзала дека
1. Рокот за завршување на проектот и секоја фаза поединечно ќе биде продолжен за најмалку 6 месеци;
2. А) Дополнителни 53 милиони евра, еднократно да се додадат на месечната транша, и тоа во рок од 14 дена од последната дата односно 45 дена од потпишувањето.
Б) Дополнителни 1 милион 265 илјади да се плаќаат секој месец до крај на проектот, како Индиректни трошоци, кои инаку се договорени на под 3 милиони; и
В) Дополнителни 900.000 евра да плаќаат секој месец додека не се исполни условот, односно не се смени законот за 60 часа работна недела.
Ова е класично оштетување на буџет, за кое мора да има одговорност, велат од ВМРО ДПМНЕ.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Comments are closed for this post.