Артан Груби со расфрлање на пердуви во јавност и правење дефокус од криминалот за кој е разоткриен нема да го промени фактот дека е дел од една голема афера за која што ќе има одговорност и за која и тој лично ќе одговара!, порача Ивица Томовски од ВМРО-ДПМНЕ.

Воедно заборава дека и во некоја друга влада партнер беше ДУИ и практично беше дел од власта и со самото тоа и тој и неговата партија беа дел од “заробената” држава и “стиропорите” .

А кога веќе станува збор за инвестиции кои ќе ги донесат и инвеститорите кои ќе ги привлечат криминалните коридори 8 и 10д, да не почнуваме да прави споредби колку странски инвестиции се донесени во Македонија за период од 2006-2017 а колку од 2017-2023, затоа што и малите деца можат да направат така голема разлика.



Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.