Ковачевски и СДС се патроните на криминалот во Македонија. Секој ден со власта на Ковачевски и СДС гледаме милионски афери и скандали и никаква реакција ниту санкција.
Впрочем како да се борат против корупцијата и криминалот кога тие самите го продуцираат. Како да има одговорност кога тие ги поставуваат оние кои треба да ги гонат. Помина една недела од аферата со компанијата за производство за струја во која сопругата на Ковачевски има удел заедно со сопругата на директорот на Катастар и заедно со кумот. Молчат од обвинителство, молчат од Антикорупциска. За нив нема ништо спорно во тоа сопругот да креира енергетски стратегии, а сопругата да влегува во енергетскиот бизнис.
Ова е само еден од стотиците афери за кои институциите не превземаат ништо. Глуви се и слепи и за аферата Броило, и за аферата Тајни имоти, и за аферата со Хациендата на Славјанка, и за аферата со РЕК, и за аферата со препродажба на лекови, и за аферата со Академијата за обвинители и многу други примери на злоупотреби и кршење на законот.
Со Ковачевски и СДС нема борба против криминалот и корупцијата. Македонија со нив ќе тоне а нивните џебови ќе се полнат. Решението се избори и менување на оваа криминогена власт.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Comments are closed for this post.