Комисијата за заразни болести мора веднаш да даде одговор за тоа колку вакцини против грип беа/и се обезбедени, велат од Комисијата за здравство на ВМРО-ДПМНЕ.

Ова е особено важно поради фактот што континуирано се зголемува бројката

на заболени.

Што велат податоците од Институтот за јавно здравје

Дистрибуција на случаите од сезонски грип/ заболувања слични на грип по месеци

  • октомври(2022) – 62 случаи или 6,7%
  • ноември(2022) – 82 случаи или 8,8%
  • декември(2022) – 786 случаи или 84,5%

Комисијата потребно е да даде одговор на следните прашања:

Koлку од точно од ризичната популација ни е вакцинирана?

Дали постојат доволно тестови за грип, респираторен синциција вирус?

Дали има доволно тамифлу во државата за третман на болните?

Дали е истиот е на позитивна листа?

Дали останува истиот протокол за третман на грип?

Одговорите се неопходни и итни за да може здравствениот систем соодветно да одговори во лечење на заболените.

Дополнително треба да се даде одговор за зголемениот број на респираторни инфекции кај децата и тоа дали градинките имаат и дали ги почитуваат мерките за соодветно проветрување и дали за тоа се подготвени училиштата кога ќе започне второто полугодие од училишната 2022/23.



Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.