Сакам да највам како координатор на Пратеничката група на ЦМРО-ДПМНЕ и коалицијата „Обнова за Македонија“ дека на денешната координација свикана од Претседателот на Собранието Талат Џафери ние ќе присуствуваме со една единствена цел, а тоа е да ги повториме ставовите и барањата на нашата пратеничка група, изјави денеска Никола Мицевски.

Иако испративме писмо до Талат Џафери , за кое ја известивме и јавноста, сеуште намаме никаков одговор за нашите барања и токму затоа денес истите барања ќе му ги соопштам лично на Џафери.

Како што кажавме и предходно, бараме да се врати информацијата што ја испрати Владата како нецелосен материјал и да не се нарушува дигнитетот на Собранието со еден ваков документ. Листот хартија што Владата го нарекува Информација за содржината на Предлог преговарачката рамка за преговори помеѓу Македонија и ЕУ е крајно непочитување на нас пратениците. Не може со еден лист хартија да се дискутира за најважната работа во државата во наредните десетина години. Тоа е класична деградација на интегритетот и интелектот на секој пратеник.

Денес повторно ќе побарам овој лист хартија со допис, да се врати во Владата и да се потенцира дека за меѓувладината конференција одлучува Владата и истата да не се крие зад пратениците барајќи некаква одлука од Собранието.

Дополнително, бараме под итно да се достави македонско-бугарскиот протокол, кој што претставува најважен документ во овој процес и кој што е клучен документ врз кој ќе се договараат правилата на игра помеѓу двете земји во наредниот период.

Ако пратениците од владиното мнозинство се спремни на вакво понижување ние од опозицијата не сме и затоа бараме да бидат доставени сите документи согласно собраниско- деловничката процедура.

Исто така, Собранието мора да биде спремно да ги слушне и реакциите на граѓаните, експертите, невладиниот сектор и сите други засегнати страни и да организира дебата и разгледување на овој предлог.



Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.