Со власта на ДУИ и СДС здравството е во колапс. Никогаш не било полошо. Затоа е потребен целосен рестарт и подобрување во три клучни сегменти во здравствениот систем, ефикасност, ефективност и економичност,oбвини ВМРО-ДПМНЕ.
Еден од врвните приоритети е инвестирањето во здравствената инфраструктура. Завршување на Клиничката болница во Штип, која што треба да прерасне во универзитетска клиничка болница ќе биде столб на здравството во источна Македонија. Кадровски и инфраструктурно ќе се инвестира во регионални болници со цел доближување на медицинските услуги до граѓаните. Модерен Клинички центар ќе биде целосно заокружување на здравствениот систем во Македонија и обезбедување на функционални здравствени институции
Дополнително ќе се инвестира во кадровскиот потенцијал на вработените во здравството, со едукација и обуки во еминентни здравствени институции и искуства од странство. Исто така ќе се овозможи вработување на најдобрите студенти и талентирани ученици од медицинските факултети и медицинските училишта.
Време е за промени. Важно е оваа власт на ДУИ и СДС и нивната катастрофална политика во здравството да бидат поразени. Важно е граѓаните да добијат ефикасен здравствен систем.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Comments are closed for this post.