Лидерот Христијан Мицкоски денеска објасни дека имаат две опции околку замената на личните документи на граѓаните и рокот што истекува.

„Едната опција е во парламентот да се донесе закон со кој рокот ќе се продолжи и тоа е една од опциите. И втората опција што работи ВМРО-ДПМНЕ на што денеска ќе побарам поддршка од Извршниот и Централниот комитет е да се поднесе претставка пред Уставниот суд како суд кој се гризи за Уставот кој е над сите Закони и да се стави времена мерка на Законот од 2021-ва година да биде вон сила се до следно одлучување дали е тој уставен или не, а се однесува на патните исправи или пасошите. Доколку Уставниот суд е експресен како што видовме во минатото тогаш  може уште во текот на следната недела да постапува и да ја донесе таа времена мерка. Еве да не се сведе тоа на партиско политичка преписка во парламентот, судот Уставниот суд одговорен за Уставот да донесе времена мерка вон сила се до следно негово одлучување дали е уставен или не е уставен и на тој начин другиот ден ќе нема редици такви какви што има“, заклучи Мицкоски.

 



Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.