Комисијата за здравство на ВМРО ДПМНЕ им нуди правна помош на медицинските сестри кои се соочуваат со мобинг.

Медицински сестри од Клниката за онкологија се револтирани од континуираниот мобинг од претпоставените претпоставени одделенски сестри.
Последните закани од претпоставените одделенски сестри на оваа Клиника се однесуваат на констатации за системски пропусти, нотирани во официјален извештај на Фондот за здравствено осигурување, за што одговорност има Кликиката и Министерството за здравство.
Порачуваме дека медицинските сестри како и сите останати работници професионално ја вршат својата работа и тие не може да се виновни за системските пропусти, велат од Комисијата за здравство на ВМРО ДПМНЕ.

Со цел да се заштити интегритетот на оваа професија, нудиме бесплатна правна помош/совети/консултации со наши правни тимови, велат од Комисјата.

Заинтересираните може да не контактираат на komisijazazdravstvo@gmail.com со загарантирана анонимност.

До Комисијата за здравство пристигнуваат реакции за мобинг и неправилности и од други Клиники и со внимание ги следиме сите аспекти поврзани со кршење на законското право на вработените, велат од Комисијата за здравство на ВМРО ДПМНЕ.



Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.