Од самиот почеток на оваа пандемија, уште пред да го имаме првиот случај централната комисија на ВМРО-ДПМНЕ излезе со свои мерки, излезе со свои препораки и апелираше до власта, до министерот за здравство и до комисијата секако дел од тие мерки да бидат разгледувани. Пред се апелиравме на составот на комисијата препорачувавме истата таа комисија да се растерети од политиката, да се департизира, да се стават професионалци, елоквентни луѓе, експерти кои што навистина ќе допринесат со своето знаење, со својот кредибилитет во насока на успешна борба кон пандемијата“, истакна Марија Андоновска, член на ИК на ВМРО-ДПМНЕ во емисијата на телевизија 24.
Андоновска додаде дека за жал комисијата на ВМРО-ДПМНЕ од страна на власта не беше послушана.
Но, зошто велам комисијата за заразни болести треба да се растерети од политиката? Не може вие да ставите член на таква комисија, а истиот тој да е директор на некоја институција поставен пред тие што треба да ги советува. Не сме ние на тоа ниво се уште за да можеме да поставиме такви луѓе и тие да се сосема отворени и да не стравуваат за својата позиција и да можат на министерот и на власта да му препорачаат искрено и отворено што треба да преземе, а овој од другата страна да ги послуша. За жал тоа не го видовме“, рече Андоновска.
Андоновска посочи дека комисијата за здравство на ВМРО-ДПМНЕ ги поздравува промените кои што се случија во комисијата за заразни болести, но тие не се доволни за да се добие оној ефект кој што треба државата да го добие.
Сепак ќе оставиме на време да видиме дали и во кој правец ќе делува оваа комисија. Не можеме да речеме дека овие луѓе кои што се сега условно кажано нови немале можности досега да делуваат. Тие и да се нови, тие треба веднаш да почнат да делуваат, ние немаме време за чекање. Тие можеби се нови во комисијата, но пандемијата не е нова. Мерките и чекорите кои што треба да се преземат исто така не се нови. Освен што ВМРО-ДПМНЕ и централната комисија препорача департизација условно кажано на оваа комисија препорача и низа нови конкретни мерки, кои што за жал морам да констатирам дека истите не беа земени во предвид“, појасни Андоновска.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Comments are closed for this post.