Оливер Спасовски очигледно добро знае на кои светски мафијашки и атентаторски имиња МВР со него на чело има издадено пасоши, како и веројатно кои биле на список на чекање за пасош, велат од ВМРО-ДПМНЕ.

-Затоа, Оливер Спасовски редно е да соопшти и испрати список на сите имиња на светски мафијаши на коишто им е обезбедено пасош со македонско име, за да не ја доведуваат светската јавност во заблуда.

Воедно, во интерес на просторот и времето Спасовски може да објави и список на имиња на светски познати мафијаши и атентатори коишто немаат пасош од МВР, а којшто список веројатно е покус.

Срамно е за Македонија истиот министер којшто управувал со МВР додека звучни имиња од светското подземје доаѓале во полициска станица на организирано фотографирање и подготовка на оригинални македонски пасоши со вистински идентитет на македонски граѓани, се уште да е министер додека за секоја акција против организираниот криминал во светот да се посочува на Македонија, пасош од МВР на Спасовски и аферата „Мафија“, стои во партиската реакција.



Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.