Законот за рестриктивни мерки утре ќе се најде на владина седница, изјави денеска министерот за надворешни работи Бујар Османи.

-Утре ќе биде на Влада, јас ќе го предложам, а дали ќе помине на Собрание, баш би сакал да видам кој ќе го блокира. Имаше дебата зошто е повлечено, дали е од политички причини или не.. Имаше нова влада, сепак новата влада треба да го брани законот во Собрание. И се разбира треба уште еднаш да се потврди, а имаше и дополнително усогласување, рече Османи во интервју во Студио 10 на ТВ 24.

Во однос на критиките во судството и борбата против корупцијата, последната упатена од холандскиот амбасадор Дирк Јан Коп, кој минатиот месец имаше средба со лидерот на ДУИ Али Ахмети, во седиштето на партијата, Османи оцени дека некогаш ппогрешно се инерпретираат границите меѓу судството и владата, така што, рече, критиките врз судството се интерпетртиаат како слабост а вчадата

-Или бараме независно судство, или не бараме. Ако бараме независно судство, тогаш конфликтите таму, и проблемите внатре, не ни ги префрлувајте на нас ниту како вина, затоа што, нели не треба да се мешаме. Имаме една разлика со холандскиот амбасадор. Јас велам, дајте да ги отвориме поглавјата 23 и 24 за владеење на право. Не можеме сами ние да го реформираме. Тој вели, не можеме да ги отвориме поглавјата, но вие терајте европско судство. Тоа не може, да можевме, немаше да направиме толку компромиси за да го отвориме европскиот пат…, кажа Османи.

Османи додаде дека европското право е врвот на човечката цивилизација.

-Не постои и историски, и сега географски цивилизација којашто има такво ниво. И ние претендираме за тоа, инаку ние наше балканско владеење на право, можеме и сами, и сега го имаме. Во Бугарија сега има уставни измени за да воведат Судски совет и Јавно-обвинителски совет. Ние одамна имаме воведено Судски совет. Не значи дека ние сме толку лоши. Но тоа е без Европската Унија. Ако сакате европско право, отворете ги поглавјата, оцени Османи.

Инаку, на владината седница одржана на 16 јануари, Владата, едногласно, со консензус изрази политичка волја предложените законски измени за Законот за рестриктивни мерки да ги достави до Собранието, додека МНР минатиот месец започна јавна расправа за измени на Законот за рестриктивни мерки со кои и американската „црна листа“ ќе биде основа за воведување на мерки од државата врз лица и фирми.

Измените во Законот произлегоа по проширувањето на црната листа на САД. МНР минатиот месец започна јавна расправа за измени на Законот за рестриктивни мерки со кои и американската „црна листа“ ќе биде основа за воведување на мерки од државата врз лица и фирми. Предлог измените, како што најави тогаш министерот Бујар Османи, предвидуваат и воведување два важни инструменти, институцијата предлагач да ги побара и да ги поднесе сите материјални докази до Обвинителството, а ЈО да почне постапка, вклучувајќи и конфискација на имот и доколку заврши со обвинение, се предвидува и времено спречување на вршење на јавна функција и и забрана за учество во јавни набавки доколку се работи за правни субјекти



Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.