По повод одбележувањето на „23 Октомври – Ден на македонската револуционерна борба“, делегација на Владата на Република Македонија составена од националниот координатор за интеркултурализам, едно општество, развој на културата и меѓуресорска соработка, Роберт Алаѓозовски и советникот за одбрана на претседателот на Владата на Република Македонија, Драган Василевски, денеска положија свежо цвеќе и оддадоа почит на великанот Гоце Делчев пред неговиот споменик во Градскиот парк во Скопје.
Република Македонија денеска го чествува „23 Октомври – Денот на македонската револуционерна борба“, како симбол на стремежите за сувереност и државност но и храброста и истрајноста на македонските револуционери во борбата за слобода, сувереност, независност и македонска државност.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Comments are closed for this post.