Денеска во Свети Николе е претседателот на ВМРО-ДПМНЕ господинот Христијан Мицкоски и да му кажеме и презентираме што има сработено Општина Свети Николе, јас како градоначалник во претходните 7-8 месеци, ова денеска преку изјава за медиумите го истакна градоначалникот на Свети Николе, Дејан Владев.

Значи имаме доста почнати и завршени проекти, а некои допрва ќе почнат да се реализираат. Значи да почнеме од тука, каде што сме во Градскиот парк, значи направивме комплетно ново детско катче од сопствени средства. Претходно немаше никакво, т.е. беше руинирано. И овде навечер има толку деца што се покажа огромно задоволство и од децата, но и од родителите. Како што ветивме во претходниот период патеката покрај речното корито конечно е осветлена со нови содржини, нови клупи, канделабри. Ставени се тука буквите на Свети Николе, кое што е многу интересно обележано, и сите посетители, па и жители на Свети Николе се сликаат тука. Ставивме погоре чадори, кои што исто е интересно за посетителите, направивме мултифункционално спортско игралиште каде што љубителите на спортот секојдневно си ги обавуваат своите спортски активности. А, во моментот имаме и турнир во мал фудбал. Почнавме со асфалтирање на улиците, значи претходниот месец извршивме комплетно асфалтирање со тротоари во должина од 3.6 километри потегот е од Рудина до населба Бел Камен. Во моментов привршува ставањето на вториот слој од 12 сантиметри асфалт со комплетно променета водоводна, канализациона мрежа, нови тротоари и улично осветлување каде што има три улици по место викано Лозов расадник, три улици и два крака. Значи тој потег што беше место каде што има нови куќи, нови населби немаше ништо претходно, еве за неколку месеци успеавме да го оживееме и да заличи стварно на урбано место за живеење како што и доликува – вели Владев.

Тој додава дека продолжуваме со крпењето на улиците, значи крепење на улици не го правевме како претходно сечеме дупки и ставаме асфалт, туку правиме цели потези барем од 20 до 30 метри за да биде потрајно.

Во текот на август месец ќе почне поставувањето на тротоари односно бекатон во должина некаде спрема тендерот околу 2 милиони денари од сопствени средства. Очекуваме во првата половина на месец август да биде пуштена во употреба новата пожарна станица, која што е донација од Американската амбасада во висина од 460.000 долари. Потегот на регионалниот на територијата на општина Свети Николе од 1.623 метра е комплетно завршено. Сега преостанува работата на територијата на општина Лозово. До крајот на август месец треба да биде завршен водоводот во село Орел. Завршена е канализацијата во цело Пеширово, после илинденските празници преминуваме кон секундарно односно поврзување на домаќинствата на канализационата мрежа. Балон салата во село Ерџелија треба да заврши до 15-ти октомври. Очекуваме од месец септември да почнеме со реализација на проектите патишта во село Буриловци и село Црнилиште, и оние улици во Свети Николе каде што се има и се уште има коцки да направиме нормално асфалтирање. Очекуваме да почнеме и со проектите околу новиот парк од септември, октомври, ноември месец чија реализација треба да биде до крајот на наредното лето со ново детско катче, ново баскет игралиште итн. каде што мислам дека светиниколчани ќе бидат посебно горди. И за наредната година најавуваме дека во секое село посебно во Ерџелија, Забегово, Пеширово ќе има асфалтирање барем на една улица. Заборавив да кажам дека е пуштен тендерот кој што треба да заврши во наредните неколку дена, а за канализација втора фаза во село Мустафино во вкупен износ од 6.8 милиони денари од кои што се половина од животна средина, половина од Општина Свети Николе итн. итн. Се на се можеме да кажеме дека ни претстои период на работа и само работа, која што нормално можат да ми извинат нашите сограѓани за 7-8 месеци работиме толку колку што работиме и да најавам дека некаде за две ипол максимум до три години целата програма која што беше ветена пред граѓаните од предизборниот период ќе биде комплетно реализирана – истакна Владев.



Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.