Повторно да го оживееме овој традиционален ден со многу бројно културно уметнички содржини. Еве денеска од десет часот започна најдолгото оро кое што е традиција на Свети Николе и во кое што учествуваат 13 културно уметнички друштва од Република Македонија и од соседна Бугарија и Црна Гора, истакна денеска Дејан Владев, градоначалник на Општина Свети Николе.

Посочи дека оваа година првпат се одржува на отворено, на бина за да веднаш после тоа ќе продолжи со културно уметничка програма со која што ќе настапуваат групи, рок групи од Свети Николе и главна група ќе биде групата ДНК.

Продолжуваме и со традиционалниот панаѓур каде што има тезги, традиционално на кои што се радуваат граѓаните на општина Свети Николе и од соседните општини, а и доста граѓани светиниколчани кои што се иселени во други градови и нормално во дијаспората и соседните држави.

Затоа сакам да им го честитам на сите светиниколчани овој голем ден, а сите кои што го носат името на овој светец Св. Теодор им го честитам именденот и среќна слава на сите оние кои што ја слават оваа слава, нагласи Владев.



Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.