Владата на Република Македонија на денешната седница утврди текст на Дополнет Предлог Буџет на Република Македонија за 2024 година.
Дополнетиот Предлог Буџет, предложен од Министерството за финансии, претставува нов интегрален текст, во којшто Владата, на предлог на Министерството за финансии, ги вгради прифатените амандмани, по расправите во надлежните комисии во Собранието на Република Македонија, а се направени и потребни измени и дополнувања на првично утврдениот Предлог Буџет.
Клучните елементи на Дополнетиот Предлог Буџет за 2024 година се редизајнирање на буџетската политика и фискална консолидација.
Утврдениот Дополнет Предлог Буџет на Република Македонија за 2024 година, Владата го испраќа на усвојување во Собранието на Република Македонија.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Comments are closed for this post.