Поради неспособноста и негрижата на владата на СДС и министерот Фатмир Меџити, седум години граѓаните чекаат да добијат ревидирана позитивна листа на лекови, реагираат од најголемата опозициска партија ВМРО ДПМНЕ.
Сите досегашни министри за здравство во владата СДС најавуваат дека граѓаните ќе добијат ревидирана позитивна листа, но тоа ветување и до ден денешен не е исполнето. Пациентите немаат лекови да се лечат, а и тие што се на позитивната листа ги нема или граѓаните ги набавуваат од Косово и Србија.
Има пациенти кои немаат достапна терапија на позитивната листа а болеста без соодветен третман може само да им напредува. Болните граѓани добиваат стара терапија а за повеќето дијагнози треба по неколку лекови наместо едно апче со повеќе компоненти, велат од ВМРО ДПМНЕ.
Граѓаните молат за лекови и наместо лекови да бараат во други држави, државата и Меџити имааат обврска да им го обезбедат и за тоа наместо да плаќаат огромни суми, истиот да го добијат бесплатно или по минимална цена.
Министерот Меџити наместо да ветува бесплатно здравство за граѓаните од Косово, веднаш да обезбеди лекови за македонските граѓани.
Уште колку време им е потребно на Меџити и владата на СДС да ја ревидираат позитивната листа?
Седум години не можат да променат една листа, а камо ли пак да го подобрат здравствениот систем и здравствената заштита на пациентите.
Уште колку пациенти треба да умрат за Меџити и владата на СДС да се свестат дека потребно е итно ревидирање на позитивната листа и обезбедување на потребните лекови?
Владата на СДС го уништи здравствениот систем.Потребен е целосен ресет на македонското здравство.
Приоритет на идната влада на ВМРО-ДПМНЕ ќе биде токму тоа, подобрување на здравството и целосен рестарт, се вели во реакцијата на ВМРО ДПМНЕ.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Comments are closed for this post.