Она што го направи оваа влада во изминатите четири месеци е повеќе од тоа што некои влади го направиле за 4 години. ВМРО-ДПМНЕ сигурно нема да се согласи, но на крај испаѓало дека за многу работи се согласувале, рече вечерва премиерот Димитар Ковачевски во емисијата „Само интервју“.

Тој ги оцени како успешни првите 120 дена од функционирањето на неговиот владин кабинет.

Сите мерки кои што беа направени беа детално планирани со консултации со експерти. Чинеа 400 милиони евра или вкупно 615 милиони евра. Се уште е на важност намалувањето на ДДВ-то за електрична енергија. Директни издатоци за пензионерите и поволни каматни стапки. Дел од тие мерки не се укинати, но дел се редизајнираат, поради тоа што пред нас претстои тешка зима. Во моментов работиме на редизајнирање на мерките и да бидат насочени кон најпогодените граѓани од кризата. Не би кажал дека плаќаме повеќе од тоа што се светски цени. Дел од мерките ќе продолжат до крајот на годината, додаде Ковачевски.

Премиерот додаде дека Владата очекува до крајот на годината да се стабилизираат ценовните притисоци.



Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.