„Република“ ja праша Владата до каде е истрагата за отворањето на клубот „Ванчо Mихајлов“ и дали ќе има одговорност што клубот е регистриран и покрај негативното мислење на Министерството за правда.
Оттаму велат декка ги презеле сите активности и се информирале за начинот на кој е регистриран клубот ,,Ванчо Михајлов“. Здружението е регистрирано во Централен регистар-Битола врз основа на поднесена пријава и соодветни прилози кон пријавата за упис. Подносител е лицето Љупчо Ѓоргиевски. По разгледување на пријавата Централниот регистар оценил дека се исполнети условите за упис согласно Законот за здруженија и фондации и Законот за едношалтерски систем, при што на 15.03.2019 година донел Решение за упис на основање на Здружението во Регистарот за здруженија и фондации.
Согласно член 49 од Законот за трговски друштва, во фирмата може да се внесе име и презиме на историска личност или друга позната личност само со согласност на личноста или ако е почината со согласност на нејзините сродници до трет степен во прва линија, а доколку такви не постојат согласност дава Министерството за правда-велат од Владата.
Централниот регистар информираше дека кон пријавата за упис била доставена Изјава заверена на нотар од лицето Љупчо Ѓоргиевски со која под морална, материјална и кривична одговорност тврди дека лицето Ванчо Михајлов нема законски наследници до трет ред во права линија. Во отсуство на издадено Решение за Согласност од страна на Министерството за правда кон Пријавата е доставено Известување од Министерството за правда дека не е во можност да издаде одобрение од причина што во Министерството не се води регистар на историски личности.
Во моментов се работи за подготовка на предлог- Закон за измени на Законот за здруженија и фондации. Работна група се состана на неколку наврати. Се прават анализи и се очекува во најскоро време да биде подготвена драфт верзијата. Во овој момент работната група нема заземено став по однос на воведувањето регистар на историски личности-додаваат од Владата.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Comments are closed for this post.