Претседателот на ВМРО-ДПМНЕ, Христијан Мицкоски вели дека Владата лаже дека имала мнозинство за уставни измени.

„Јас велам преговараме за ново парламентарно мнозинство на ВМРО-ДПМНЕ и пораз на СДСМ“, посочи Мицкоски.

Според него – „сега има пратеничка група на Коалицијата и ВМРО-ДПМНЕ која е необременета од потенцијални закани за затвор, фингирани политички процеси, а во раководството на ВМРО-ДПМНЕ има монолитност, кохезија, а не разногласие“.

Тој укажа дека во владината коалиција има индиции за разногласие, а не во ВМРО-ДПМНЕ.

„Во ВМРО-ДПМНЕ нема разногласие, а погледнете ја владината коалиција, погледнете ја ДОМ, преку НСД, погледнете што се случува во ЛДП, во СДСМ и ДУИ да не зборуваме. Сега ние може да работиме на мнозинство и на пораз на СДСМ“, укажа Мицкоски.



Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.