Балансерот треба да се измени. Препорачаните проценти за новите вработувања треба да се намалат за вкупно 7,2 %.

Тоа се граѓаните кои при ланскиот попис беа административно попишани, а Министерството за информатичко општество ги распредели според процентот на оние што беа директно попишани.

Сега, според Балансерот, во сите министерства, државни и јавни институции, треба да се вработат 57,92 Македонци, 31,54 одсто Албанци, 4,25 одсто Турци итн.

Министерството тврди дека Балансерот е ист од 2016-та, но сега во него се внесени податоците од последниот попис.

Се работи за податоците за вкупното население, кои ги вклучуваат и самопопишаните од дијаспората.

Првата реакција минатиот месец стигна од Државниот завод за статистика, кој го спроведе пописот.

Статистика останува на ставот дека треба да се користат податоците за резидентното население, што значи дека треба да се вработат 24,30 одсто Албанци, 3,86 одсто Турци и други.



Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.