СДСМ и МВР на Оливер Спасовски молчат за каубојската оружена пресметка во скопски Чаир, пресметка, пукање врз униформирана полиција, рече на денешната прес-конференција портпаролот на ВМРО-ДПМНЕ Наум Стоилковски, додавајќи дека цела недела Оливер Спасовски, СДСМ и Владата молчат дали осуден на затворска казна, пука врз полиција и е ослободен заради интервенција Ариф Асани, функционер на ДУИ и втор човек во БЈБ!
Цела недела Оливер Спасовски, СДСМ и Владата не одговараа дали постои видео снимката од безбедносните камери каде целиот случај е снимен. Не одговараа дали има снимка којашто ќе доведе до одговорот за криење на вмешаност на втор човек во БЈБ во ослободување на човек кој што пукал врз полиција, вели Стоилковски.
На социјалните мрежи се појави видео од безбедносните камери.
ВИДЕО: МВР на Спасовски дувло на криминалци. Заменик директор на БЈБ Ариф Асани ослободува криминалец кој пука на полициски службеник во Чаир pic.twitter.com/eu4IM9OCHf
— Гледачот (@gledacot2) May 29, 2022
Почитувани, сега Оливер Спасовски, Владата и СДСМ мора да одговорат, дали е ова автентична снимка од пукањето во Чаир? Дали е ова снимка од безбедносната камера од системот Сејф сити во Чаир? Дали лицето во сината кошула снимено од камерата на Сејф сити е Ариф Асани, заменик директор на БЈБ? Дали сега се уште ќе молчат МВР, Оливер Спасовски, Владата, СДСМ и ќе го кријат случајот? Дали треба некој да биде смртно застрелан за да се отвори вистината за делувањето на МВР под Оливер Спасовски?, праша Стоилковски.
Потенцираше дека Оливер Спасовски, Владата и СДСМ не смеат да не одговорат – дали се заложници на ДУИ само и само за гола власт и дали само заради власт кријат криминогени дејства дури и од челници на БЈБ?
МВР со Оливер Спасовски и СДСМ/ДУИ наместо гарант за безбедност, се претвори во гарант за криминалци и за криминалии. Осудено лице за кое што е испратен документ за приведување заради затворска казна пука врз полиција и е ослободено заради интеревенција на заменик директор на БЈБ. Дали е тоа факт кој што го покажува оваа слика треба да одговорат од Владата, од МВР, од СДСМ. Почитувани премногу е! Се обидоа да сокријат убиство, се додека на ист начин преку социјални мрежи не излезе снимка од безбедносните камери. Сега се обидуваат да сокријат пукање врз полиција. Колку жртви треба да паднат само и само за голата власт на коалицијата? Премногу е, избори и одговорност!, рече Стоилковски.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Comments are closed for this post.