Македонската актерка Весна Петрушевска на денешниот протест пред Собранието против францускиот предлог. порача дека секој еден треба да излезе и да се бори за Македонија. Таа упати порака и за оние кои се гостат со бифтеци за 100 денари.

И мислам и тврдам дека треба секој општествен одговорен и културен работник особено културен работник да ја има општествената одговорност да излезе и да се бори за Македонија, затоа што ние сме тие кои што играме на сцена, кој што снимаме на телевизија, кој снимаме македонски филмови, кои сме амбасадори на нашата култура, како да сме амбасадори на македонската култура, како, со сменет идентитет, со тоа што вие таму некои ќе потпишете и ќе јадете бифтеци за 100 денари. Па мислете на здравје малце, холестероли, триглицериди, малку од малку, бидете витки, згодни, вели Петрушевска



Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.