Министерот за труд и социјана политика Ѓоко Велковски денeска оствари работна средба со раководствата на сите Центри за социјална работа во Македонија, а се со цел да се исклучат сите можности за злоупотреба на системот во изборниот процес.

Овие центри се првата карика во системот на социјална и детска заштита и доколку тиe не функционираат, системот се распаѓа. На средбата со директорите беа изнесени проблемите со заминување на кадар односно стручните работници кои треба да помагаат на граѓаните во социјален ризик давале откази од Центрите за социјална работа заради лошите услови за работа и лошите реформи кои се случија изминатите 6 години.
Вработените велат дека неиздржливо е да се работи во распаднат систем.

Во наредниот период треба да ги извршувате вашите работни задачи на најпрофесионално ниво и да не потпаѓате под притисоци! Ветив дека системот на социјална заштита ќе претрпи целосен ремонт за да граѓаните и вработените како нивен сервис го добијат вистинското место во ова општество, наведе Велковски.

Во држава има 30 Центри за социјална работа, односно во секое поголемо населено место.



Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.