Викаме дека по устав нашата држава е социјална или држава на благосостојба, да така е во уставот, меѓутоа ако видиме денеска дека во 2024-та година, има таква голема сиромаштија во Македонија и дека граѓаните, кои што преживуваат со еден минимум, се доведени, на самиот раб на егзистенција, нема да кажам дека тоа е една социјална категорија, туку тоа се граѓани, кои буквално преживуваат од ден за ден. Тоа е многу алармантно и запрепастувачки, вели Ѓоко Велковски, предложен кандидат за министер за труд и социјална политика на денешната дебата Важно е Платформа за иднина на тема Важно е да имаме фер избори

Велковски додаде дека сите социјални трансфери кон пензионерите, сите социјални трансфери кон ранливите категории, поминуваат преку министерството, затоа е и толку важно да имаме одредена контрола врз самиот систем таму, за да нема одредени злоупотреби.
Напоменав дека Министерството за труд и социјална политика го има еден од најголемите буџети, тука се сведени средствата од околу една четвртина, од вкупниот годишен буџет на Македонија и сите социјални трансфери кон пензионерите, сите социјални трансфери кон ранливите категории, поминуваат преку министерството. Затоа е и толку важно да имаме одредена контрола врз самиот систем таму, за да нема одредени злоупотреби, малверзации со овие граѓани, кои што ако ги земете како вкупна бројка на население и оние како невработени во РМ, се скоро половината од населението во нашата држава, рече тој.

Тој истакна дека повеќе од 600 илјади граѓани живеат со по 150 денари.

Повеќе од 600 илјади граѓани живеат со само 150 денари на ден. Со 150 денари некој да преживее денес во нашата држава е незамисливо. Податокот кој што го имаме ние и е јавен, е дека од тие 600 илјади граѓани, дури 30% се млади луѓе или луѓе до 18 годишна возраст, кои што имаат помалку од 150 денари во џеб. Затоа после се прашува зошто младите луѓе ја напуштаат државата и зошто после нивната 18-та година, заминуваат во странство, еве ја причината. Како идна влада треба да работиме многу за ова да се смени многу брзо и да ги задржиме младите луѓе, тука во Македонија.

Според Велковски пензионерите се луѓе кои го граделе овој систем, потенцирајќи дека власта не им го исполнила ни тоа што им го ветила, а ниту тоа што им следува.

Пензионерите се луѓето, кои го граделе овој систем, тие се луѓето кои ни дале на нас шанса, денеска да бидеме тука и да имаме можност нешто да направиме за државата. Денеска ако ги прашате пензионерите, пред 7 години некој им ветуваше разно разни работи, меѓутоа тие работи денеска ги немаат. Не што го немаат тоа што им го ветуваа, туку тие го немаат и тоа што им следува. Тоа што им следува како граѓани, кои што имаат реални потреби, имаат потреба да одат во продавница, имаат потреба да одат на лекар, а знаеме дека економијата и инфлацијата, како што ја води државата во овие 7 години, доведе до тоа, со таа пензија што ја имаат, да не можат да преживеат ни 15 дена во месецот, рече тој.

Велковски нагласи дека антикризниот пакет за пензионерите и сите оние ранливи категории на граѓани, е всушност давање на милостина на владата кон нив, а не функционирање на еден систем, кој вистински ќе им помогне на луѓето.
Социјалната категорија кај народот, оние нај ранливите, кои што преживуваат со минимален доход, кој што го земаат од страна на државата, знаеме дека тоа не е доволно и дека едвај врзуваат ден за ден. Власта донесе еден пакет за мерки, на сила донесени во декември, каде се опфатени пензионерите и сите оние ранливи категории на граѓани. Едни ќе земат 1500 денари, други ќе земат 2000 денари, меѓутоа тие ќе ги потрошат за еден ден. Тоа не е помош кон нив, тоа е буквално на давање на милостина кон нив, а не функционирање на еден систем, кој вистински ќе им помогне на луѓето, додаде Велковски и укажа дека владата која што ќе ја предводи

ВМРО-ДПМНЕ, ќе направи системски решенија каде што ќе дадеме се од себе и ќе се потрудиме нивниот стандард да биде достоен како граѓани.

Јас верувам дека по овие 3 месеци, владата која што ќе ја предводи ВМРО-ДПМНЕ, ќе направи системски решенија, во делот на пензионерите, социјалните трансфери и во делот на социјалните категории, каде што ќе дадеме се од себе и ќе се потрудиме нивниот стандард да биде достоен како граѓани.



Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.