Општина Велес е една од осумте општини корисник на грант од програмата „ЕУ за Општините“, од кои добива околу 750.000 евра средства за реализирање на проект со кој ќе се реши сообраќајниот хаос во центарот на градот и ќе се реализираат паметни пешачки и велосипедски зони.

За таа цел, денес со одговорните служби од Општината одржавме работна средба и увид на терен со г-дин Клаус Рихтер, одговорен за техничка поддршка при делегација на ЕУ, г-дин Бојан Кардалов, одговорен за видливост на проектите и г-дин Глигор Михаиловски од СЕГ Холдинг кои се наши партнери во проектот.

 

На средбата изразив благодарност за досегашната соработка, но и подготвеност за соработка и во иднина за подобрување на квалитетот на животот на граѓаните во Велес – информира градоначалникот на Велес – Марко Колев.



Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.