Претседателот Стево Пендаровски се уште не се изјаснува дали ќе се кандидира на следните избори за шеф на државата. Вели дека најважна му е поддршката од граѓаните.

Во вечерашното гостување во телевизија „Сител“, Пендаровски не одговори ниту дали претседателските и парламентарните избори следната година треба да се одржат истовремено.  

-Не знам. Кога ќе дојде време веројатно ќе се изјаснам. Јас сум рекол важна ми е поддршката од  коалицијата која во 2014 ми ја даде таа поддршка, не само од 2019, но далеку поважна ми е поддршката од граѓаните. Ако ја немам, нема да размислувам, но ако ја имам, можам да размислувам заедно со политичките субјекти кои би сакале во тој период да ме поддржат, рече Пендаровски.



Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.