Еврокомесарот за проширување на Европската Унија, Оливер Вархеји, изрази благодарност до лидерот на бугарската опозициска партија ГЕРБ, Бојко Борисов, кој порано денеска на прес-конференција, соопшти дека францускиот предлог е прифатлив за неговата партија.
Му благодариме на лидерот на опозициската ГЕРБ, Бојко Борисов, за историската одлука за Европа и за Македонија да прифати преговори базирани на францускиот предлог, дозволувајќи да се отворат пристапните преговори со Македонија. Очекуваме владата да ги достави неопходните предлози до парламентот денеска за да може Европа да оди напред, напиша Вархеји на Твитер.
Борисов денеска изјави дека ГЕРБ ќе даде „зелено светло“ за почеток на пристапни преговори на ЕУ со Македонија и Албанија.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Comments are closed for this post.