Кандидатката за претседател на Левица, Билјана Ванковска, денес одража средба со граѓани во Карпош.
На средбата беа презентирани делови од програмата на Ванковска за претстојните избори. Ако сакаме достоинство, овие избори немаме право на грешка. Мора да излеземе и да гласаме за да се прашува народот, порача Ванковска.
Во изјавата, од општината која е и нејзин дом, Ванковска истакна:
„Покренување на постапка за излегување од НАТО е неопходна. Како сиромашна земја која нема економски развој, а секоја година издвојува повеќе од 2% од својот вкупен национален доход само тоне во сиромаштија. Притоа она што го издвојуваме оди за финансирање туѓи војни“.
Ванковска пред карпошани ги повтори заложбите од нејзината изборна програма за носење на нов Устав.
„Нужно е да донесеме нов устав наместо да се надмудруваме кој ќе влезе во преамбулата. Тој устав ќе биде современ, таков каков што ќе го донесеме за себе како политичка заедница која нема да биде делена по етнички квоти, со олигархии и етнотрибализам, туку социјален устав, заснован на принципите на социјална класна правда и еднакви можности“.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Comments are closed for this post.