Државната изборна комисија (ДИК) на денешната седница го утврди распоредот на кандидатите на гласачко ливче за изборот на градоначалници на општините Центар Жупа и Маврово-Ростуше, како и за членови на Советот на Општина Тетово, преку влечење на жрепка од страна на овластените претставници на партиите и групите избирачи.

Под број еден на гласачките ливчиња ќе бидат кандидатите за градоначници на Центар Жупа и на Маврово-Ростуше на коалицијата „Најдоброто за мојата општина“ предводена од СДСМ, под број два на Коалицијата на ВМРО-ДПМНЕ, а под број три на Демократска партија на Турците во Македонија (ДПТМ).

На гласачкото ливче за избор на членови на тетовскиот општински Совет под бројот еден ќе биде листата на коалицијата предводена од СДСМ, а под бројот два на ВМРО-ДПМНЕ. Под бројот три е ДПА, под четири е Политичката партија ИНТЕГРА, а под бројот пет Група избирачи Агрон Заими.

Под бројот шест е Алтернатива, под седум е листата на Алијансата за Албанците, а под бројот осум е Движењето БЕСА. Листата на ДПТМ ќе биде под бројот девет, а Групата избирачи Елмедина Абдулаи ќе биде под бројот 10.

Листата на ДУИ ќе се најде на кандидатското ливче под бројот 11, на Партијата за целосна еманципација на Ромите под број 12, а на Левица ќе биде 13-та.

Исто така, на денешната седница преку влечње на жрепка беа утврдени и локации на рекламни паноа и билборди за политичко рекламирање за избори за градоначалник на општините Центар Жупа, Маврово и Ростуше.



Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.