Не за францускиот предлог и за ултиматуми, не за менување историја и на учебници, се дел од пораките од протестниот марш под мотото „Ултиматум, не благодарам“ што вечерва заврши пред Собранието на Република Македонија.
Пред Парламентот некои од учесниците во протестот поставија шатори и најавија дека ноќта ќе ја поминат таму.
Утре протестот против францускиот предлог наместо во 19 часот, ќе започне порано, пред седницата на која ќе се разгледува францускиот предлог.
Портпаролот на ВМРО-ДПМНЕ, Наум Стоилковски, во говорот пред Собрание, повикаа граѓаните утре да се соберат пред Парламентот во 13 и 30. Но подоцна ВМРО-ДПМНЕ испрати соопштение во кое е посочено дека протестот започнува во 12 часот
Во очи на собраниската расправа за срамниот предлог кој ја бугаризира Македонија ги повикуваме сите граѓани утре (14.07.2022) во 12:00 часот пред Собранието на Република Македонија да излеземе масовно и да протестираме мирно и достоинствено против асимилација и бугаризација на Македонија.
Да порачаме дека Македонија не е на продажба, дека информацијата и да помине во Собранието, уставните измени нема да поминат. Власта мора да го отфрли предлогот.
Утре во посета на земјава доаѓа претседателката на Европската комисија Урсула фон дер Лајен. Таа претпладне ќе има средби со државниот врв. Седницата на која ќе се обрати Фон дер Лајен е закажана за 13 часот, а половина час подоцна треба да почне седницата на која ќе се расправа за предлогот.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Comments are closed for this post.