Владина делегација, составена од вицепремиерите за европски прашања, Бојан Маричиќ, и за политики за добро владеење, Славица Грковска, како и министрите за животна средина и просторно планирање, Насер Нуредини, и за информатичко општество и администрација Адмирим Алити и генералниот директор на Пошти на Македонија, Јани Макрадули, утре патува за Софија каде треба да одржи состанок со своите бугарски колеги.
Работната група во изминатиот период имаше координативни состаноци на кои се разгледуваа можностите за интензивирање и зајакнување на практичната соработка во сфери кои се важни за граѓаните на двете држави и за темпото на реализација на европските реформи, како и за размена на искуства и добри практики значајни за евроинтеграцискиот процес, соопшти Секретаријатот за европски прашања.
За време на средбата, се наведува, ќе биде потпишан меморандум за разбирање за поштенска соработка меѓу Бугарски пошти ЕАД и АД „Пошта на Македонија“ и двогодишна програма за спроведување на Договорот меѓу Министерството за животна средина и просторно планирање на Република Македонија и Министерството за животна средина и води на Република Бугарија за соработка во областа на животна средина и заштита на водите, потпишан во 2019 година.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Comments are closed for this post.