Во судот се оформени пет предмети, доставени се до тимови -судија известител и советник на судот во врска со издавањето на личните документи, соопшти претседателката на Уставниот суд, Добрила Кацарска.
Таа не знае кога овие предмети ќе се најдат на седница бидејќи, како што рече, тоа ќе зависи од тимот којшто работи, а таа не сака да се меша во нивната работа.
Конкретно не знам што е оспорено, но секако е оној период на издавањето на личните документи и нивното времетраење. Има документи коишто се се’ уште со важност, слободата на движење ограничена на овој начин – рече Кацарска.
Сепак, како што посочи Кацарска, граѓаните треба да знаат дека слободата на движење не е во надлежност на Уставниот суд.
Мора да разграничиме што е наша надлежност. Се надевам дека политичарите ќе разберат зошто две и пол години бев силен поддржувач на уставната тужба. Ако ние го имавме овој институт, граѓаните ќе може да се обратат за секоја слобода и право што им е гарантирано со Уставот. Се надевам политичарите ќе разберат зошто барам измена на Уставот, односно проширување на надлежноста на Уставниот суд – додаде Кацарска.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Comments are closed for this post.