Во Собранието во тек е расправата за избор на нова влада која почна вчера, а актуелната Влада е во оставка.

Но, од министерството за земјоделство стигна покана за новинарите дека утре, 17.01.2022 година (понеделник), заменик-министерот за земјоделство, шумарство и водостопанство Трајан Димковски, ќе му ја предаде функцијата на новиот министер за земјоделство, шумарство и водостопанство Љупчо Николовски. Во соопштението од Министерството за земјоделство и се додава дека „настанот ќе се одржи на откупен пункт на тутун, во населба Драчево“.

Инаку, на функцијата министер за земјоделство беше Арјанит Хоџа од Движењето Беса, кој поднесе оставка откако Беса најави дека ќе ја напушти Владата, додека Николовски, кој е вицепремиер за борба со криминалот и корупцијата во заминување, е избор на мандатарот Димитар Ковачевски за ресорот земјоделство.

Пратениците во Собранието вечерва, најдоца до полноќ треба да гласаат за состав на новата влада. Владата е избрана ако за неа гласаат мнозинството од вкупниот број пратеници во Собранието.



Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.