Новоименуваниот вонреден и оплномошен амбасадор на Република Македонија во Белград, проф.д-р Никола Тупанчевски денеска на српссиот претседател Александар Вучиќ, на свечена церемонија му ги предаде акредитивните писма, јави дописникот на МИА од Белград.
Предавањето на акредитивните писма на претседалот на Србија Александар Вучиќ, преставува формално отпочнување на можноста соработката меѓу овие две држави да биде подобрена и истоврмено да се надгради. Ова е вистински момент и во своите тези што ги бранев пред македонското собрание напоменав дека се работи за период што има ренесансен карактер и кој во иднина треба да преставува иницијална каписла во остварувањето на сите замислени можности и форми за соработка, изјави амбасадорот Тупанчески.
Проф.Д-р Никола Тупанчески со предавањето на акредитивните писма, по пауза од седум години, стана шести македонски амбасадор во Република Србија.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Comments are closed for this post.