Oткако вчера потпретседателот на ВМРО-ДПМНЕ Алексндар Николоски откри делови од договорот што власта го направи со „Бектел и Енка“ станува јасно колку македонските граѓани ќе ги чини овој договор. Николоски објасни дека првата „рата“ ќе биде веќе на 23 април, но не се изгадена делница туку за пенали, или како што власта сака да ги нарече дополнителни трошоци.

Најпроблематичен е делот за 60 часовна работна недела.

Доколку условот за 60 часовна недела не е исполнет не подоцна од 45-от ден после потпишувањето на договорот времето за изградба на целиот проектот и секоја секција пооделно ќе биде зголемувана за шест месеци што значи ќе се градат наместо пет седум и пол години. Сума од 53 милиони евра ќе биде исплатена, и секој месеци по 1,2 милиони евра и дополнително од 900.000 евра. Ако не се исполни условот македонките граѓани ќе платат 53 милиони евра и секој месец 2,1 евра. Вкупно тоа е околу 220 милиони евра-изјави Николоски за „Алфа“.

Македонските граѓани ќе плаќаат и ако законот се промени и после 45 дена.

Плаќањата ќе останат непроменети дури и ако условот биде исполнет после последниот датум за 45 ден.Доколку  се смени законот после 23 април ќе биде платено.Доколку никогаш не се смени законот повторно ќе биде платено ќе биде платено-додаде Николоски во емисијата „Заспиј ако можеш“.

 

 

 



Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.