Во Буџетот на МТСП за 2023 година проектирани се 203 милиони евра за поддршка  за ранливи категории на граѓани, за навремени исплати на правата од системот на социјална заштита за граѓаните кои се во социјален ризик, соопшти министерката за труд и социјална политика Јованка Тренчевска. 

Тренчевска, како што информира Министерството за труд и социјална политика, во утринската програма на МРТ 1 потсети на двата пакети антикризни мерки, креирани од Владата, со цел поддршка на граѓаните за полесно справување со последиците од енергетската и економската криза.

-Антикризните мерки опфатија 600.000 граѓани кои имаат ниски приходи или ранливост. Во март оваа година ги опфативме сите 330.000 пензионери со финансиска поддршка од 3000 ден. Со 3000 денари исто така беа опфатени и примателите на Гарантирана минимална помош. Од 1 декември обезбедивме дополнителни мерки кои опфаќаат поголем број социјално  ранливи категории. Тоа се примателите на правото на социјална сигурност, лицата со попреченост над 26 год, децата со попреченост, самохраните родители приматели на ГМП, стечајните работници, пензионерите со пензии до 14.000 денари, истакна Тренчевска.



Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.