Организацискиот секретар на НСДП, Кристијан Трајковски, обвинува дека одлуката на Централниот одбор на партијата да прифати само еден кандидат за претседател е недемократска и донесена под закана и притисоци. Трајковски најави дека нема да се откаже од кандидатурата и поддршка од делегатите и членството ќе побара на одржувањето на конгресот на НСДП.

Не се откажувам од мојата прогресивна визија дека нашата НСДП ќе биде обединета и гласна партија, каде слободата и слободната мисла ќе победат. Само така притисоците, заканите и носењето одлуки од една многу мала, но многу привилегирана група луѓе ќе бидат сеќавање од минатото. Луѓе кои се однесуваат како функциите да се нивно родено право, а не голема обврска и одговорност делегирана од целото членство пред кое тие се должни да поднесат отчет – вели Трајковски.

Вчера од НСДП соопштија дека Централниот одбор го утврдил Горан Мисовски како единствен кандидат за претседател на партијата. Претстојниот конгрес за наследник на Тито Петковски ќе се одржи на 4 јуни.



Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.