Заменик претседателот на Владата и министер за транспорт Александар Николоски и директорот на ЈП за државни патишта Коце Трајановски денеска ќе престојуваат работна посета на општина Кавадарци.
Како што информираат од прес-службата на Министерството за транспорт, Николоски и Трајановски ќе извршат увид во градежни активности на улицата „Ѓорѓи Соколов“.
Потоа, како што се наведува во најавата, ќе изврши презентација на предлог проект за Обиколница. Од Министерството најавуваат изјава за медиумите на Николоски и Трајановски во холот на општина Кавадарци.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Comments are closed for this post.