Пратеникот и лидер на Демократски Сојуз, Павле Трајанов гостуваше во емисијата „360 степени“ при што предлага широка коалиција.

Моја сугестија е да се размисли за широка коалиција во која ќе бидат вклучени сите партии и ќе се вклучат сите капацитети во државата. Под широка коалиција мислам да влезе и ВМРО-ДПМНЕ и другите опозициски партии, вели Трајанов.

Трајанов смета дека на ваков начин може да се помогне за решавање на кризата и подобро соочување со предизвиците.

 



Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.