Оружјето игра по скопските улици иако полицијата е на терен е општ впечаток, особено по последното пукање во Арачиново. Сепак, министерот за внатрешни работи Панче Тошковски смета дека состојбата во која било затекнато Министерството за внатрешни работи не може преку ноќ да се промени. Во засилените контроли на терен, Тошковски вели дека се констатирани голем број прекршувања на законот.

Народот ја гледа полицијата на терен и тоа е добро, бидејќи наша работа е да работиме на терен. Во текот на 2024 година запленети се 104 парчиња оружје. Криминал имало, има и ќе има. Прашањето е како МВР ќе реагира и ќе одговори на тој криминал, дали ќе биде сочучесник како што било претходно, со добро познати примери на јавноста или ќе даде максимум и за 2 часа ќе ги упаси сторителите, изјави Тошкоски во гостување на МТВ.



Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.