Пендаровски ретерираше од јавно дадената поддршка за референдумот, тој ја одбра антимакедонската страна, велат од ВМРО-ДПМНЕ.

Стево Пендаровски имаше можност да биде претседател кој ќе биде заштитник на македонските интереси, доколку останеше цврст на ставот за референдум, но тој се премисли очигледно под притисок на владата, реагираат од партијата.

Потсетуваат дека Пендаровски беше дециден во поддршката, за по неколку дена да ретерира и да зборува спротивно од тоа што еднаш веќе го изјавил.

„Ако некој не разбира дека овој билатерален договор, а и со Грција, се оската по која ние продолжуваме кон Европа, и сака тоа да го нема, почесно е референдумското прашање да гласи: „Дали сакате да одите во ЕУ под вакви услови?“. Без спомнување на договори, точки. Опозицијата треба да излезе со чесна формулација и ако такво е прашањето сите партии треба да излезат на референдум, не да бојкотираат“, ова беше ставот на Стево Пендаровски до вчера, кога излезе со нова изјава која очигледно е дадена под присила од владата.

Толку ли е голем притисокот врз Пендаровски, па мораше да го менува својот став, а со тоа и да ја понижи институцијата Претседател?

Пендаровски има можност да излезе пред јавноста и да каже дека под присила од владата го сменил својот став, народот и ВМРО-ДПМНЕ ќе го заштитат.

Пендаровски да не се плаши да каже дали Ковачевски му се заканувал. А ако остане да молчи само ќе стане соучесник во предавствата на оваа влада, велат од ВМРО-ДПМНЕ.

 



Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.