Поранешната градоначалничка на Тетово, Теута Арифи, во гостување во емисијата „Утрински брифинг“ изјави дека сегашниот прв човек на градот, Биљал Касами треба да се занимава со Тетово, а не со неа.

Ваквата реакција на Арифи доаѓа откако Касами објави список на имиња од лица кои биле ангажирани со договор на дело од Општината, а голем дел од нив воопшто не сработиле ништо.

Според тврдењата на Касами на овој список имало над 800 лица, а дел од нив се во роднински врски со Арифи и воопшто не живеат во Тетово, односно се во Германија.

Поради неспособноста да даде резултати, тој се занимава со мене. Негова најголема заслуга во овие три месеци е укинувањето на велосипедските патеки. Да укинете шест километри велосипедски патеки во презагаден град не е добар потег. Второ достигнување му е замирање на штотуку почнатиот јавен превоз, а трето достигнување е поскапување на паркингот за кој во кампањата велеше дека ќе биде бесплатен – изјави Арифи.



Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.