Министерот за надворешни работи Бујар Османи денес оствари телефонски разговор со чешкиот министер за надворешни работи Јан Липавски, на кој беше изразена поддршката за напредокот на државата во процесот на интеграција. Османи го увери соговорникот дека членството во Европската Унија е врвен државен интерес и првенствен надворешно-политички приоритет на Македонија.

Соговорниците разменија мислења за потребата од брза и динамизирана реализација на европската перспектива на земјите од Западен Балкан со цел обезбедување стабилност, отпорност и развој на регионот на Западен Балкан во сегашниот несигурен геополитички контекст.

Во таа насока, министерот Липавски ја потенцираше подготвеноста за брзо организирање на првата Меѓувладина конференција, откако Македонија ќе го одобри европскиот предлог.

 Двајцата соговорници ги повторија клучните аспекти од компромисниот предлог, што ја води земјава поблиску до Европската Унија, земајќи ги предвид и нашите интереси во смисла на чиста формулација на македонскиот јазик; изостанување на историските прашања во преговарачката рамка и отпочнувањето на пристапните преговори веднаш.



Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.