Мори Славјанке, не знам кој те правел, ама не се истакнал, напиша актерот Сашо тасевски на својот фејсбук профил.

Тоа што Твојата Земја е во Нато не те обврзува да даваш смешни изјави за глобални безбедносни теми за кои немаш елементарно познавање.

Велам смешни, зашто никој ништо не те прашува а зборуваш.

Дел си од најподаничката и предавничка власт на која се потсмева цела Европа. Власт која надворешната политика ја води од клечечка поза.

Власт која уште верува дека со клечење ќе се одржи и ќе реши нешто.

Дел си од власта која секој од нас го изложи на потсмев пред соседите и светот.

И ти најде да коментираш за руската надворешна политика кон соседите и нивните реакции на непристојната дистанца на која им се доближи Нато и воените закани кои им ги упатува две децении.

Славјанке, Твојата Земја ја викнаа во Нато да ја праќаат по бурек додека носат одлуки и состаночат. Не ве есапат за живи таму, туку ај рекоа, бар нешто да им дадеме кога веќе сменија име. На квиснилзи никој не им верува. Затоа и не сте вклучени во носењето најважни одлуки и планови во Нато. Кажи дека ве бркале од состаноците кога носеле тајни одлуки. Не е ова лажна вест. Добро љубезно ве отстранувале: ај сега излезете на цигарче. Затоа нема безбедносни сертификати за вас. Предавниците секој ги презира.

И ти најде да зборуваш за Русија.

А мори Славјанке, еден Наполеон се заеба со Русите. Мислеше ќе ја лигави Жозефина меѓу нозе ќе и шепка Ж тем и ќе се тепа со Русите. Маме му ебаа на Ладога. Негови војници пишувале: А бе ние од студ не можевме да се помрднеме, а тие Русите пред нас играа казачок и не бодеа со бајонети.

Хитлер исто се заеба. Си рече, ќе си ја клецкам Ева Браун, ќе си убивам Евреи и ќе им влезам на Русите во Москва. Му се случи обратното. Русите му влегоа дома во Берлин, а гордите нацисти и Германците се молеа да ги заробат Американци или Англичани, само да не паднат во руски раце. Се одмаздувале најсвирепо за да наплатат за 20 милиони загинати зашто на Хитлер му прдна да ги окупира. 20 милиони загинаа за да си ја одбранат татковината. Третина од сите загинати во светот во таа војна.

И ти бре Славјанке најде да им се обратиш на Русите, ние со НАТО ова, ние со НАТО она.

Дај ќути жено, лакирај нокти, гледај у таван и излези на тв само ако купиш нови униформи и нови гаќи за војската. Толку.



Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.