Не е дефинитивно влегувањето на Алијансата за Албанците во Владата, но шансите за тоа се огромни. Околу 90 проценти од програмските определби се синхронизирани, но за кадровските решенија воопшто не разговаравме – изјави денеска лидерот на Алијансата за Албанците Арбен Таравари, по средбата со премиерот Димитар Ковачевски.
За кадровските решенија, како што посочи, ќе разговараат во текот на следните неколку дена.
Се надевам дека во текот на денот и од Владата ќе информираат за работите за кои сме договорени. Воопшто не разговаравме за кадровските решенија, но се надевам дека деновиве кои се пред нас ќе го отвориме и прашањето за кадровските решенија. Најмногу се задржавме на програмските определби на нашата партија и Владата и за работи кои треба да ги истераме заедно во периодот што останува до крајот на мандатот на оваа Влада. Станува збор за определбата на државата за евроинтеграции, закони за борбата против корупција, законот за влада и други закони – рече Таравари.
Тој додаде дека еден од ресорите за кои „имаат најдобри кадри“ е Министерството за здравство, но напомена, дека разговор оваа тема воопшто не бил започнат.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Comments are closed for this post.