Прво би побарал од европските политичари гаранции дека нема да има други услови за да го продолжиме европскиот пат. Второ, би побарал динамика за уставните промени. И трето е да се тргнеме од „Отворен Балкан“, вели Арбен Таравари, претседателски кандидат од коалицијата ВРЕДИ, во интервју за РСЕ.

Тој најави повлекување од политиката при изборен неуспех.

-И во целиот западен свет е така, во сите развиени демократии е така. Ако изгубите избори, барем пред органите на партијата…иако кај нас имаше одредени случувања, не ми се дозволи од сопартијците барем едни избори да ги терам до крај. А јас им кажав, барам доверба од сите вас. Еден пар избори до 8 мај, ако не победиме на 8 мај, јас сум тука да дадам оставка и нема да има сила која може да ме запре да не дадам оставка – вели Таравари.

Тој истакна дека ставил поквалитетни камери во куќата, но институциите уште не го информирале кој му остави куршум пред врата пред два месеца, во февруари, во деновите кога се разиде од сопартиецот Зијадин Села и нивната партија „Алијанса за Албанците“ се подели на две крила.

Таравари вели дека не се чувствува како марионета ниту на Села, ниту на ВМРО-ДПМНЕ.



Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.